Сеавус Code Talks повторно во Скопје

На 25 април, вторник, по трет пат, ќе се оддржи Сеавус CodeTalks во Скопје. Настанот ќе се оддржи во Сеавус, со почеток во 18 часот, а влезот е слободен.

Оваа година на настанот ќе зборуваат тројца QA експерти. “Introduction in Embedded testing“, е темата на која ќе зборува Александар Гашоски (Lead testing Engineer): “Целта на презентацијата ќе биде на едноставен начин да ги доближи најбитните аспекти кога станува збор за верификација на системи со интегриран софтвер. Исто така ке се даде осврт на тестирањето во услови кога постои меѓусебна зависност на хардверот и софтверот како и верификација во услови кога софтверот што се тестира не е“.

Другата тема ќе биде „Testing process within Scaled Agile Framework (SAFe)“, на која ќе зборува експертот Наташа Арсовска (Lead testing Engineer): „Луѓето прават грешки, тоа е она што знаеме да го правиме најдобро! Кодот е напишано од страна на луѓе и затоа тука е QA за да пронајде грешки. Тестирање во SAFe е нов пристап кој го користиме во Сивус, кој го имплементира тестирањето во Agile Framework и дава резултати со исклучителен квалитет“.

Последната презентација е на тема „Continuous Testing for Angular Application with Protractor and Jasmine“, за која своја презентација ќе има Ѓоре Захарчев (Quality Assurance Coordinator):“Постојано слушаме за термините Continuous Integration and Continuous Delivery но речиси воопшто не се зборува за Continuous Testing. За да креираме успешна приказна во поглед на Continuous Testing, изборот на алатки и селекцијата на тестови игра клучна улога. Нашиот тим на Тестинг инжењери секојдневно работи на усовршување и подобрување на целиот процес на тестирање и негово поместување во исто време во лево и десно во останатите фази на развој на софтвер за кои не толку одамна се сметаше дека треба да бидат засебни и не треба да се испреплетуваат”.

После презентациите ќе има панел и дискусија со презентерите.

Присуството на настанот може да го пријавите на (линк)

x

Check Also

„Медена земја“ – номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска ...