Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди Мекдауел до Џејн Фонда (83), еве ги ѕвездите кои ја прифатија белата коса како свој „заштитен знак“.

Познати, убави и веќе не се робови на бојата за коса. Ѕвездите ја напуштаат својата неделна рутина за боење на косата и повеќе не ги кријат белите влакна, дури и ако се бројни!

Од оние кои не се плашат да се покажат во своето природно издание е и глумицата Енди Мекдауел. Интересно е што токму оваа глумица до пред некоја година беше константен промотор на бои за коса. Но, 63 годишна убавица, неодамна се прошета на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во необично издание – со седа коса. Следуваше нејзиниот коментар:

„Ако Џорџ Клуни го прави тоа, зошто да не и јас?“.

За време на фестивалот, и друга позната актерка, Џоди Фостер (58), се појави со бели прамени во косата.

И тие не се единствени. Принцезата Каролина од Монако, 64, гордо ја покажува својата целосно сребрена коса. Глумицата Џејми Ли Кертис со „Златен лав за животно дело“, награда која ќе ѝ биде доделена во Венеција, исто така одлично ја носи својата кратка пикси коса со сребрени прамени. Истото важи и за Британката Хелен Мирен.

Прекрасната Џејн Фонда (83) пак, која ја паметиме секогаш како русокоса, за време на пандемијата на ковид 19, одлучила повеќе да не се фарба. Резултатот е – преубав изглед со бела коса!

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Каролина од Монако во шик комбинезонки од Шанел

Шик триото од Монако се појавија заедно: Принцезата Каролина од Монако, 63, ...