Седма Национална конференција на Авон (ФОТО)

Компанијата Авон Македонија ги додели признанијата на најуспешните за претходните три квартали и ги најави новитетите до крајот на 2013 година.

_B2C0140 L

На 20 септември во хотелот „Александар Палас“ компанијата Авон Македонија ја одржа седмата по ред Национална конференција која оваа година беше одбележана под мотото „Ти го создаваш успехот“.

_B2C0620 L

Најголемата светска компанија за директна продажба Авон (AVON), својата Национална конференција насекаде во светот ја одржува пред почетокот на четвртиот квартал, а на истата ги наградува најуспешните лидери и зонални менаџери од продажната структура, кои оствариле најдобри резултати за изминатиот период.

_B2C0285 L

Покрај доделувањето на признанија на оваа свечена манифестација на Авон застапено е и ексклузивно промовирање на новитетите кои ќе се појават во брошурите до крајот на годината и тоа преку исклучителна шоу-програма со многу познати личности од јавниот живот.

Во рамките на овој дел на Националната конференција 2013, Авон Македонија пред присутните за прв пат ја обелодени и соработката со познатата модна дизајнерка Антонија Ристовска која почнувајќи од Кампања 15 (15.10.2013) ексклузивно се појавува во брошурите на Авон  како советник за убавина.

_B2C0355 L За таа цел, како специјално изненадување за гостите Антонија Ристовска се претстави со своја ревија која вклучуваше модели од повеќе колекции, а нејзините креации беа надополнети со накит и модни додатоци од портфолиото на Авон.

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...