Седум чекори до совршен од на високи потпетици

По една жена која зрачи со сексапилност и самодоверба при одењето во високи потпетици ретко кој не ќе се сврти на улица. Таква може да бидете и вие, со помош на овие мали совети за правилно одење на високи потпетици.

potetici 567

1. Правилно држење на телото

Правилното држење на телото е главниот фактор за доброто одење на високи потпетици. Нежно наместете ги рамената наназад, тоа ќе направи да изгледате повисоки. Колковите исфрлете ги малку наназад , а со тоа и задникот ќе изгледа повеќе подигнат. А, за полесно да го изведете тоа важно е активирањето на стомачните мускули кои се централен дел на телото. По кратко вежбање ова држење на телото ќе ви стане сосема природно.

2. Цврсти зглобови

Многу жени имаат проблеми со несигурни зглобови при одење во високи потпетици, а тоа е затоа што поголемиот дел од телесната тежина е ставен на петата,  како што  одиме кога сме боси или во рамни чевли. Решението е да  ја пренесете тежината на целото стапало или на прстите на нозете .

3. Опуштени колена

Кога една жена оди на високи потпетици и премногу ги стега квадрицепсите и колената може да изгледа премногу круто и неприродно. Квадрицепсите можете да ги стиснете малку, но ќе мора да ги опуштите колената малку и да ги задржите опуштено цело време додека одите .

4. Самоуверен чекор

Кога станува збор за држењето на телото, горниот дел на телото не смее да биде премногу навален нанапред или наназад.  Додека одите, замислете дека нежно „лизгате“ , а  тоа ќе направи чуда за вашиот секси и самоуверен од на високи потпетици.

5. Започнете со пониски потпетици

Доколку сега се навикнувате на високи потпетици започнете со пониски потпетици, па постепено поминете на повисоки и високи. Треба да знаете дека колку е повисока потпетицата толку повеќе треба да ја префрлувате тежината на прстите, а не на петата и да не чекорите со целото стапало. Исто така кога сте на многу високи потпетици треба лесно да ги движите колковите.

6. Нога пред нога

На високи потпетици треба да одиме нога пред  нога, а препоните нежно да се допираат .

7. Продолжен чекор

Кога чекорите на високи потпетици не треба да правите многу мали чекори, бидејќи така нема да изгледате женствено, затоа одете со продолжен чекор. Идеална должина на чекорот е онаа која е во согласност со замавот на раката додека одите.

x

Check Also

Почнува продажбата на Huawei P40 Pro и на македонскиот пазар во пакет со Huawei Watch GT 2, 50 GB меморија на Cloud и Huawei VIP Service

Предводникот на серијата P40 – Huawei P40 Pro, објавен вчера на глобалниот ...