Сега имате време, направете смеса за чистење и светнете ги четкичките за шминка

Може да имате најскапи и најквалитетни четки за шминка, но ако се често валкани на вашето лице ќе му нанесе повеќе штета отколку корист.

Неопходно е редовно чистење на приборот за нанесување на шминка за да ги задржите вашите четки беспрекорни и чисти.
Еве неколку практични рецепти за подготвување на смеса која совршено и евтино ќе ги исчисти четкичките.

Што ви е потребно :

1. Јаболков оцет

2. Течен детергент за рачно миење на садовите

3. Вода

4. Малку подлабок стаклен или пластичен сад (од каде четката нема да испадне)

Подготовка на смесата за чистење:

Во садот ставете 100 мл. топла вода, 100 мл. јаболков оцет и 2 лажици течен детергент за рачно миење на садови. Измешајте ги состојките и во смесата натопете ги четкиците. Нека отстојат во смесата половина час,  потоа добро исплакнете ги, па исушете ги.

 

x

Check Also

Нов цветен парфем од Марк Џејкобс совршен за потоплите денови

Меган Роше, Каја Гербер и Адут Акеч позираат за новиот парфем на ...