Сека Радончиќ: Моќни колекции секогаш инспирирани од моќни жени

Мојата филозофија е многу едноставна – светот се врти околу жената и почива пред нејзините нозе, вели креаторката Сека Радончиќ.

Последната колекција на Сека Радончиќ презентирана на Модниот викенд Скопје беше инспирирана од поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, интригантен и импозантен лик.

seka 9

„Таа е жена која поаѓајќи од добро познатата плетенка во коса и авангардниот аутфит успеа на колосален начин да го спои традиционалното со модерното, при тоа рушејќи ги табуата за мошне често здодевниот, неинвентивен, официјален дрескод. При тоа, по автоматизам, вивнувајќи се на самиот врв на светските модни икони“, објаснува креаторката.

seka 8

seka 7

Минатата година пак, Радончиќ на белградската модна недела – Фешн Селекшн се претстави со колекцијата која предизвика воодушевување меѓу публиката, инспирирана од култниот филм „И бог ја создаде жената“, од 1956 година. Главната улога во овој филм ја имаше Брижит Бардо.

seka 6

„Филмот од темел ги разниша тогашните морални норми на пуританска Европа, а Брижит Бардо ја вивна на самиот врв на филмската индустрија, со статус на филмска дива. И од тој престол и до ден денес никој не успеа да ја симне“, вели Сека Радончиќ.

seka 5

seka 4

За колекцијата пак која го обележа 10-годишниот јубилеј на креативната дејност на Радончиќ, инспиративен епицентар беше легендарната Фрида Кало.

seka 1

„Станува збор за еден комплексен, интригантен и контраверзен лик, за познатата мексиканска сликарка Фрида Кало. Таа навистина живееше вон сите правила, а целиот нејзин живот беше исполнет со страст и со болка, кон родното Мексико, сликарството и сопругот Диего Ривера“.

seka 2

seka 3

x

Check Also

Фешн Груп донираше на Институт за јавно здравје апарат што ќе прави тестови за Ковид-19 за 30 минути

Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со ...