Секој хороскопски знак има боја која го симболизира, му дава енергија и го заштитува

Боите влијаат на нашето расположение – топли, ладни, пастелни, силни…сите носиме боја која ни се допаѓа и ни одговара. Кога на пример, се наоѓаме во просторија со нагласена сина боја, чувствуваме студенило, како што црвената боја кај многумина предизвикува агресија. Ако се облечемо во бело, ќе оставиме впечаток на чистина и невиност, а носејќи жолто, радост и позитивна енергија.

Секој хороскопски знак има своја боја која го симболизира, му дава енергија и го заштитува. Нема да биде лошо да обрнете внимание на тоа кога следниот пат ќе купувате модно парче.

ОВЕН

Родените во овој знак се луѓе од акција и полни се со енергија. Нивната боја заштитник е црвената. Оваа боја е судбинска за Овновите, им носи моќ и среќа. Додека престојот во црвен амбиент кај Овновите ја буди позитивната енергија и силата и позитивноста уште повеќе се нагласени.

БИК

Познати се по приземноста и сензуалноста, за нив се наменети сите нијанси на земјата, почнувајќи од кафена, преку сива и зелена – тоа се боите во кои најдобро ќе се чувствувате. Сепак, бои заштитнички за Биковите се и боите на природата како смарагдно зелената и бојата на тревата. Овие нијанси ја зголемуваат вашата сила.

БЛИЗНАЦИ

Вашата боја е жолта. Позната е по топлината и друштвеноста, баш какви што сте и вие. Жолтата боја исто така претставува поставување на прашања, пласирање на нови идеи и мисловна светлина, карактеристики кои ги поседуваат Близнаците и кои носејќи ја оваа боја ќе ги истакнат уште повеќе овие карактеристики.

РАК

Со Раковите владее Месечината, затоа тие најубаво се чувствуваат во бела и сребрена нијанса. Со оглед на тоа дека Месечината влијае на плимата, вам ви одговара и тиркизна и модро-сина нијанса, односно сите бои на морето и океаните. Овие бои ќе ви помогнат да се чувствувате стабилно и ве штитат од емотивни набои на кои сте склони.

ЛАВ

Децата на Сонцето, Лавовите, се среќни во жолта, портокалова и црвена нијанса, односно во сите нијанси на сонцето. Овие бои ќе ви помогнат да ја истакнете вашата блескавост и да свртите внимание кон себе во сите ситуации. Покрај тоа, овие екстравагантни нијанси ви даваат и самодоверба и самопоттик.

ДЕВИЦА

Со оглед на тоа што по природа сте практични, вие давате предност на таквите бои, кои се лесно вклопливи и не се нападни, како што се беж, браон или некои слични есенски нијанси. Ноејќи ги овие бои ќе се чувствувате радосни, здрави и добро организирани.

ВАГА

Со вашата романтична природа одат нежните и пастелни нијанси. Светло розовата, тиркизната и минт-зелената ви носат позитивна енергија, добра среќа и баланс меѓу вашата машка и женска страна.

ШКОРПИЈА

Таинствени, мистериозни и понекогаш мрачни, вие нема да им одолеете на нијансата на темно вино, виолетовата, бојата на вишна и секако, црната боја. Овие бои ви помагаат во себе да ја најдете силата во ситуации кога мислите дека е се загубено.

СТРЕЛЕЦ

На авантуристите како вас, најмногу ви прилега темно сината и виолетовата боја. Ова се бои кои симболиираат пространство и кои ве инспирираат на патувања, вклучувајќи ги и патувањата со умот. Носете ги овие бои за позитивна енергија и среќа.

ЈАРЕЦ

Црната боја е вашиот заштитник. Отсекогаш црната боја симболизирала елеганција, но и традиционална вредност, постојаност на работите кои одолеваат на тестот на времето. Носејќи ја оваа боја ќе внесете сигурност, смиренст и чувство дека низ животот се движите во добра насока.

ВОДОЛИЈА

Интензивната нијанса на сина боја ќе ви помогне да бидете уште покреативни, иновативни, а ќе ја ослободи и вашата позитивна енергија. Кога ја носите оваа боја дури ја поттикнувате и креативноста кај другите.

РИБИ

На мистичните Риби, привлечени од длабочините и бескрајноста, бои заштитнички се сите нијанси на морето и океаните. Од нијансата на морската пена до речните длабочини, овие нијанси се ваш ибор. Ќе ви помогнат вашите соништа да станат реалност.

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (од 21 до 27 септември): Жешка недела за огнените знаци!

Оваа недела продолжува транзитот на Венера во знакот Лав, што ќе им ...