Секој себеси си „ги создава“ болестите, a секоја негативна енергија предизвикува болест

Теоријата дека секој себеси си „ги создава“ болестите, веќе не е само екстремна алтернатива на која докторите превртуваат со очите неверувајќи. Размислувањата, стравовите, вербата или неверувањето, подготвеноста за борба или предавањето, сето тоа „се запишува“ некаде во умот и во телото. Ваквото објаснување на болестите и пореметувањата можеби може да помогне за подобро да ги разберете своето тело, своите мисли и нивната поврзаност. Секако дека секој човек е посебен и не може сè да се генерализира, ама ова што ќе го прочитате во продолжение е интересен став.

Главоболките се појавуваат кога се казнувате себеси. Мигрени имаат оние кои сакаат да бидат совршени и сами си создаваат притисок под кој живеат. Исто така мигрената крие и многу потиснат бес.

Синуси – доколку ви прават проблем, можеби во животот ве иритира некој што ви е многу близок.

Очи – проблемите со очите укажуваат дека постои нешто што за себе, за своето минато или за иднината не сакате да го видите. Негирањето и желбата да „не го гледате“ тоа што се случува, предизвикува проблеми со сетилото за вид.

Косата е сила. Кога сте напнати и исплашени, создавате „челични окови“ кои почнуваат во мускулите на рамената и се шират кон врвот на главата, а понекогаш во подрачјето на очите. Косата расте на тој врв и ако постои напнатост која трае долго, косата не може да диши и затоа почнува да паѓа.

Вратот ја претставува вашата способност да бидете флексибилни во размилувањата и согледувањата, како и да го видите ставот на другите луѓе. Кога имате проблеми со вратот, значи дека сте биле тврдоглави во проценувањето на својата ситуација уверени дека вашиот став е единствено правилен.

Грлото претставува способност да кажете што мислите, што барате, што сакате. Кога ве боли грлото, тоа главно значи дека мислите дека немате право на таков став. Не се заземата за себе и го потиснувате бесот. Ларингитисот значи дека сте толку лути што не можете да зборувате. Грлото е и творечки проток низ телото. Ако вашето творештво е загушено, можно е да имате проблеми со грлото. Исто така, ако се обидувате да се смените, или ако сте среде промена, ќе забележите промени во грлото.

Раце – претставуваат способност да ги опфатите сите животни искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините. Старите емоции ги чувате во зглобовите, а лактите претставуваат флексибилност во менувањето на правецот во животот. Секој прст има свое значење. Показалецот ги покажува бесот и стравот во вас кои се поврзани со егото во моментната ситуација. Палецот претставува грижа, средниот прст ги прикажува сексот и бесот, прстот до малиот заедништвото и тагата, а малиот прст има врска со семејството и со преправањето.

Грб – ако имате проблем со грбот, може да значи дека чувствувате дека околината доволно не ве поддржува. Горниот дел од грбот има врска со чувство на недостаток на емоционална поддршка (партнер, шеф). Средниот прст е поврзан со чувство на вина – се плашите да погледнете што е зад вас. Стравот дека нема да имате пари и дека ќе живеете во сиромаштија се изразени со болките во долниот дел на грбот.

Бели дробови – претставуваат способност за давање и земање во животот. Ако имате проблеми со белите дробови, можно е да се плашите да го земете тоа што ви е потребно или можеби чувствувате дека немате право да живеете живот каков што сакате.

Градите се мајчински принцип. Ако имате проблеми со градите, тоа обично значи дека сте претерале со мајчинскиот, заштититничкиот или посесивниот став кон некоја личност, некој предмет или некое искуство.

Срцето претставува љубов, а крвта е радост. Срцето ја пумпа радоста низ телото. Кога себеси во животот ќе си скратите радост и љубов, вашето срце ќе се собере и ќе стане „студено“. Резултат е побавен проток на крв, со што се отвора патот кон анемија, ангина пекторис или инфаркт. Луѓето кои доживеале срцев удар честопати никогаш не се израдувале во животот.

Желудникот ги „вари“ сите ваши нови идеи и искуства. Ве боли желудникот – што или кого не можете да „сварите“? Или кои нови искуства не можете да ги упиете? Исплашени сте.

Нозете ве носат низ животот. Проблемите со нозете често укажуваат дека постои страв од движење, дека се оди напред или двоумење да се тргне во одреден правец. Кога нешто не сакате да правите, ќе почувствувате проблеми во нозете.

Колената се флексибилност, како и грбот. Изразуваат способност на прилагодување, гордост, его, тврдоглавост. Кога ќе ве заболат колената, прашајте се каде сте непопустиви и каде одбивате да се прилагодите.

Стапалата се поврзуваат со разбирањето на самите себе и на животот околу вас, минатото, сегашноста и иднината.

Кожата ја претставува вашата индивидуалност. Кога имате проблеми со кожата чувствувате дека сте на некој начин загрозени и дека другите владеат со вас.

Премногу килограми – претставува потреба од заштита. Дебелите луѓе бараат заштита за да не бидат повредени, омаловажени, критикувани, измамени. Имаат страв од животот.

Болка – каква било болка зборува за чувство на вина. Вината секогаш бара казнување, а казнувањето е болно. Хроничната болка е хронично чувство на вина толку длабоко вржано, што човекот не е свесен за тоа.

 

x

Check Also

Производи неопходни за женското здравје – Јогурт против вагинални инфекции, авокадо против стареење

Жените живеат со забрзано темпо, водат сметка за семејството, за воспитувањето на ...