Секси фотосесија на Емили Ратајковски за сопствениот бренд на костими за капење

Модната марка за долна облека и костими за капење „Инамората“ основана од топ моделот Емили Ратајковски се повеќе станува популарна, а освен на трендовските модели од колекциите, тоа се должи и на популарноста на самата манекенка и фотосесиите зачинети со провокативност преку кои таа самата ги рекламира новите модни парчиња.

Колекцијата на костими за капење за сезоната пролет/лето 2019 на Инамората, се надополнува со нови модели на дводелни и едноделни костими за капење. Овојпат, освен на трендовските точки и „анимал“ принт, акцентот е на суперпопуларните неонски нијанси – зелена, жолта, портокалова и розова.

Фотосесијата е снимена во ретро стил, иснпириран од диско модата на 80-те години, а Ратајковски, вообичаено, изгледа секси и провокативно.

Во продолжение, погледнете ги новите модели на Инамората.

x

Check Also

Ким Кардашијан позира за колекцијата SKIMS и е многу секси

Ким Кардашијан позира за кампањата SKIMS Cotton Collection. Колекцијата ќе биде лансирана ...