Секси летен стил: 7 нешта кои ќе ве направат поразлични од другите

Специфичен стил дури и на плажа може да се постигне со една иста финта. Во тоа барем секојдневно не уверуваат светските модни блогерки, кои со стилот се издвојуваат од другите девојки, а всушност сите користат слични трикчиња за уникатен изглед.

Еве ги најупотребуваните седум.

mi345

Впечатлив накит

Не е важно дали сте го купиле на распродажба или е од некоја позната марка, важно е да е ефектен. Висечки обетки, ѓердан во три масивни реда или многу алки.

Свој печат

На пример, доколку сте голем љубител на брошеви, со нив можете да го надградите не само блејзерот, туку и маицата, фустанот и кошулата.

Блејзер и кошулата со завратени ракави

Постои некој посебен шарм во завртените ракави : оддаваат впечаток на лежерна, неоптоварена, ноншалантна личност.

mi771

Секси „агол“

Чипка на маицата, отвор на здолништето, едно раме откриено…

Маица извлечена само од едната страна на фармерките

Како и со завратените ракави, и оваа финта привлекува внимание – личност која не е оптоварена со ништо, дури ни со модата. Хм…

Носење на чантата накосо

Мала, мека или компактна, кога ја носите накосо дава впечаток на лежерност и релаксиран став.

mi123

Римјанки наместо високи потпетици

Високите потпетици се дефинитивно секси, но речиси никогаш не изгледаат лежерно. Зашто мислите дека „старките“ на женска нога или ниските римјанки не се уште посекси?

 

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...