Селена Гомез хоспитализирана во ментална болница, се бори со емоционална криза и напади на паника

Од трансплантацијата на бубрег во 2017 година, Селена Гомез страда од емоционална криза и напади на паника: таа сега е хоспитализирана и добива терапија за подобрување на расположението и корегирање на однесувањето, денес пишува италијанскиот портал Грација.

24-годишнaтa американскa пејачкa билa хоспитализиран во одделот за итни случаи двапати во текот на последните две недели, откако “алармантниот низок број на бели крвни зрнца” предизвикал емоционална вознемиреност со состојбата на немир и последователни кризи.

Според некои извори на ТМЗ, Гомез се обидела да го напушти објектот, Медицинскиот центар Cedars-Sinai Medical Center, во Лос Анџелес, но докторите ја запреле и вратиле на терапија. Ова дополнително ја вознемирило пејачката која при нервен слом, се обидела да ја извади инфузијата од раката.

За време на втората посета на болницата, Селена Гомез имала паничен напад. Извор близок до пејачката открил: “Селена помина тешки недели и паничниот напад во болницата беше најкритична точка”.

Селена Гомез сега се наоѓа во психијатриска установа на атлантскиот брег, каде што ваквите напади на паника се третираат според нов метод,  метод кој е инаку сличен на оној кој таа го користела во минатото кога се справувала со проблемите со менталното здравје.

Инаку, лани, Селена Гомез помина низ траумата на трансплантација на бубрег, а животот и беше спасен благодарение на донаторката, нејзината најдобра пријателка Франс Раиса. За заедничкото искуството двете храбри девојки прозборуваа лани на Инстаграм. Иако Гомез сè уште не сака да зборува за несаканите ефекти од трансплантацијата, таа прозборе  за нејзиното нарушено ментално здравје во минатото: “Имав многу проблеми со депресијата и анксиозноста и секогаш сум била многу експлицитна околу тоа прашање, но не мислам дека сосема можат да се надминат“ – неодамна изјави таа за списанието Харперс Базар. И додаде дека ова е битка со која ќе мора да се соочува до крајот на нејзиниот живот.

x

Check Also

Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност ...