Сите десет нови ангели на Викторија сикрет направија селфи фотографии во центарот на Њујорк.
За прват сите десет нови ангели на Викторија сикрет застанаа заедно пред камерата со цел да ја покажат на светот новата „колективна“ убавина на марката за долна облека. Селфи фотосесијата беше дел од нивното гостување во емисијата Добро утро Америка.
Потоа си ги разменија белите маички кои всушност ја промовираат новата линија за нега на тело.
Ангелите на Викторија сикрет се еден интернационален тим на убавица од повеќе земји во светот, од Русија, Бразил, Португалија, Велика Британија, Холандија, Шведска и три убавици од САД.