СЕМОС ЕДУКАЦИЈА -Прва акредитирана институција за постсредно образование за графички дизајнери

За прв пат во Македонија, графички дизајнер со акредитирана диплома

Семос Едукација стана првата акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за спроведување на постсредно специјалистичко образование за квалификацијата – Графички дизајнер на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации. Ова е единствена акредитирана образовна институција од ваков вид во државата, каде студентите кои посетувале и ќе посетуваат стручна едногодишна обука на програмата за Графички дизајн, ќе добијат официјална специјалистичка диплома за квалификација Графички дизајнер признаена и акредитирана од Министерството за образование и наука на РСМ.

Во изјава на м-р Ангелина Канчевска, раководител на Семос Академијата за графички и веб дизајн, добивме изворни информации за вреднување на знаењето и стекнување на квалификациите од постсредното образование за професијата Графички дизајнер.

Среќни сме и задоволни што долгогодишниот вложен труд, конечно се исплатеше. Низ изминатите години, несебично го инвестиравме сето свое знаење, искуство, желба и амбиција со цел нашите студенти да ја добијат заслужената потврда на своето знаење. Посебна заслуга за развој на наставната програма имаат и нашите долгогодишни професори кои со својата експертиза допринесоа оваа програма да вклучи практични знаења и вештини кои се тесно поврзани со барањата на бизнис заедницата. Со оваа рамка на квалификации предвидено е за 550 часа да се добијат 60 ECVET кредити за една академска година. По успешна реализација на наставата, кандидатите полагаат теоретски и практичен специјалистички испит. Европскиот кредит трансфер систем за стручно образование и обука е новитет во Македонија, согласно реформите кои се спроведуваат во образованието, и има за цел поголема мобилност на стручните кадри и полесна интеграција на државата во ЕУ.” – изјави Ангелина Канчевска.

Еднo од најбараните занимања во креативната и дигитална индустрија на пазарот, но и најпривлечна за младите е графичкиот дизајн. Голем дел од младите го добиваат знаењето преку курсеви и обуки, преку самоучење, онлајн туторијали, книги и сл, но тоа не ги прави доволно конкурентни на пазарот, заради тоа што немаат стекнато потребни стручни квалификации.

Квалификацијата Графички дизајнер, содржи основни и специјалистички единици кои што ги покриваат аспектите на знаење, вештини и компетенции потребни за извршување на работните задачи. Лицето со оваа квалификација знае да изработува скици и нацрти за развој на идеи, користејќи критичко и креативно размислување, логика и анализа. Како алатки ги користи најновите компјутерски софтвери за графички дизајн кои му помагаат да изработува графички решенија, прави адаптации и корекции на дизајн како и да подготвува фајлови за печатење и за веб-употреба.”, изјави професорката м-р Даниела Спасева, координатор на програмата за графички дизајн во Семос Академијата.

—————————————————————————————————————————————-

Уписите на Семос Академија за графички и веб дизајн се во тек а наставата почнува на 16 септември 2019 година.

На Академијата можат да се запишат:

  • кандидати со завршено IV ниво од Националната рамка на квалификации

  • кандидати со завршено VI и VII ниво од Националната рамка на квалификации за стекнување стручна квалификација (преквалификација или доквалификација)

Семос Едукација е првата институција во Македонија која ги издаде двете јавни исправи т.е. квалификации за Графички дизајнер и Веб дизајнер како установа за постсредно образование.

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...