За првпат после подолго време, Вог ги врати супермоделите на насловната страница на своето најважно септемвриско издание.
„Облеката беше посекси, музиката беше побрза, а девојките одеа поцврсто“, еднаш напиша Мајкл Карл во колумната за Венити Фер, на најоригинален начин објаснувајќи ја модата на 80-те години кога подемот на супермоделите беше огромен. Но времињата се сменија, а модата стана опседната со познатите личности.
За првпат после подолго време, Вог ги врати супермоделите на насловната страница на своето септемвриско издание. Веројатно знаете, септемвриското издание е секогаш најголемо, најтиражно и најочекувано зашто ги најавува трендовите на есенската сезона. А во последниве години најважната насловна страница на модната библија ја добиваа славните глумици и пејачки – Џенифер Лоренс (2013), Лејди Гага (2012), Хали Бери (2010), Чарлиз Терон (2009).
На насловната страница на септемвриското издание на Вог најпосле блеснаа трите убавици Џоан Смалс, Кара Делавињ и Карли Клос.