Серена Вилијамс дизајнираше фустан кој супер „стои“ на сите жени

Популарната тенисерка Серена Вилијамс најде време да дизајнира фустан кој ќе прилега на сите жени без разлика на конституцијата на телото.

Пред да биде пуштен во продажба, самата го рекламираше фустанот на својот Инстаграм профил, со бројни следбеници. Фустанот е наречен Twist Front Dress, а на етикетата пишува „ за сите жени и за секоја типологија на телото“.

За рекламната кампања, тенисерката ангажираше повеќе жени со различна типологија на телото и навистина – овој фустан им прилега на сите!

-Со овој фустан секоја жена ќе се чувствува убаво како да е во прегратка, вели Вилијамс.

Фустанот е достапен во продажба во сите големини и во различни бои, иако најбараната за сега е омилената боја на тенисерката – розовата.

 

x

Check Also

Неделен хороскоп (1ви до 7ми јуни): Топ знаци на неделата – Бик, Вага и Шкорпија

Оваа недела, во знакот на Стрелец, ќе заблеска прекрасна полна месечина, подготвена ...