Серена Вилијамс нема да биде дел од Олимпијадата во Токио: „Сега не сакам да зборувам за тоа“

39-годишната поранешна број 1 во тенис во светот, нема да учествува на Олимписките игри во Токио, но зошто – сè уште е мистерија. Американската шампионка, прес-конференцијата што му претходеше на турнирот „Вимблдон“ објави дека нема да учествува на олимписките игри.

Реченицата со која таа ја објави оваа одлука е доста загатлива: „Јас всушност не сум на олимписката листа… за која знам. Но, ако бев таму, не требаше да бидам таму“, рече Вилијамс.

Американската шампионка не ги прецизираше јасно причините за овој избор. Наместо тоа, таа додаде дека „има многу причини зашто ја донесов оваа одлука – продолжи Серена – не ми се допаѓа да одам таму. Жал ми е, но не сакам да зборувам за тоа денес. Можеби друг ден. Во минатото, Олимписките игри беа прекрасно место за мене “.

Веројатно меѓу причините за ваквото откажување се многу строгите правила на натпреварувањето, пред сè, кои ја спречуваат да носи членови на семејството, а тоа значи дека во Токио не би можела да ја донесе ни својата ќерка Олимпија. Таа веќе и претходно објасни дека тоа ќе биде многу важна пречка за неа.

Така, Олимпијата во Рио останува последната Олимпијада за Серена. Во својата извонредна кариера таа однесе четири златни медали: едно злато во Лондон 2012 година, двојно злато во 2000, 2008 и 2012 година во комбинација со нејзината сестра Венус.

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...