Серијата „Сексот и градот“ се враќа: Сара Џесика Паркер сподели прва фотографија од снимањето

„Повторно заедно“, напиша актерката Сара Џесика Паркер на Инстаграм, објавувајќи ја првата фотографија од средбата со нејзините колешки. 

Помина повеќе од една деценија откако последен пат ги видовме како Кери Бредшо, Миранда Хобс и Шарлот Јорк Голденблат. Сега се вратија трите најгламурозни жени во ТВ сериите. „Повторно заедно“, напиша Сара Џeсика Паркер на првата фотографија од снимањето споделена на социјалните мрежи. Актерката е во центарот, лево и десно се Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Во позадина, Емпаер Стејт Билдинг: сè е како што беше некогаш, а за љубителите на култната серија тоа е вистинска експлозија.

„Пријателството никогаш не излегува од мода“, напиша Синтија Никсон, објавувајќи ја истата фотографија од сетот на својот Инстаграм профил. „Секогаш ќе те сакам“, се зборови на Кристин Дејвис, коментирајќи ја објавата на Сара Џесика Паркер. Објава што собра скоро половина милион лајкови за еден час.

Серијата вклучува 10 епизоди, а договорот е потпишан со HBO. Во проектот ќе учествуваат три од познатите четири  протагонистки: Сара Џесика Паркер Паркер (Кери), Синтија Никсон (Миранда) и Кристин Дејвис (Шарлот). Ким Картал пак, која ја гледавме во улога на Саманта, за жал, овојпат нема да ја гледаме бидејќи претходно се скарала со Паркер. Па така, иако повеќепати од режисерот и продуцентите била повикувана да се вклучи на екипата, таа одбивала.

Датумот на стартување на новата сезона на „Сексот и градот“ сè уште не е откриен.

 

x

Check Also

Ирина Шајк во бикини поубава од кога-било, дали се должи тоа на вљубеноста во Канје Вест?

35-годишната руска убавица, поранешен ангел на Викторија Сикрет, буквално блеска во новата кампања ...