Веќе видено: Шерил Коул како клон на Хали Бери

Од фустанот, преку насмевката до движењето.
Cheryl-Cole-11
Не гледаме ништо иновативно во толку фалениот фустан на Шерил Коул со кој се појави на Канскиот фестивал. А вие?

Во креација на, патем фантастичниот, дизајнер од Бејрут, Зухаир Мурад, британската телевизиска ѕвезда и текстописец, Шерил Коул, се појави на црвениот килим на Канскиот филсми фестивал. Позитивни критики за нејзиниот фустан стигнуваат од сите страни на светот, и ги почитуваме, ама сепак, нам ни изгледа Коул како копија на Хали Бери кога го примаше оскарот во креација на Ели Саб. А оттогаш поминаа повеќе години.

Ете, во филмската индустрија уште од времето (на филмовите) на Хичкок, копиите стануваат класика. Како и уметничките дела и нивните репродукции.

Хали Бери на доделувањето на Оскар во 2002 година

Хали Бери на доделувањето на Оскар во 2002 година

За нас, и покрај бројните пофалби, овој фустан на Шерил Коул ќе остане запаметен само како уште една „Ребека“ на црвениот килим.

x

Check Also

Оскари 2018: Рита Морено во истиот фустан што го носела на ноќта на Оксарите во 1962 година!

Холивудската легенда Рита Морено го освои вниманието на црвениот тепих на Оскарите ...