Северина и во Струмица во креација на Јурај Зигман

Пејачката не се откажува од дизајните на Јурај Зигман.

severina 2

Ист модел на фустан но наместо во црвена, овој пат во сина боја беше изборот на Северина за настапот  во Струмица.

И сама вели дека младиот хрватски дизајнер Зигман (роден во 1984 година) е број 1 на незјината листа на креатори кога се концертните настапи во прашање, додека приватно сака да експериментира со гардеробата.

severina

„На сцената сум Северина и луѓето сакаат да ме видат во издание наменето само за нив, само за концерт. И тој костим треба да има визуелна препознатливост. Затоа на турнеите во салите носам дизајни од Митановски, а за клубски свирки модели од Зигман“, пишува Северина на својата ФБ страница.

Фотографии-ФБ страница на Северина

x

Check Also

Емили Ратајковски носи чантичка од MANGO

Глумицата и модел Емили Ратајковски фотографирана е на њујоршките учици во „кежуал-шик“ ...