Северина во Струмица го најави есенскиот тренд на силна црвена нијанса

За настапот во Струмица, популарната хрватска пејачка Северина се фотографираше во романтична модна комбинација – здолниште со асиметричен крој и карнери во силна црвена нијанса, во комбинација со точкаста кошула.

Силната црвена нијанса веќе ја гледаме на модните парчиња од есенските колекции на познатите луксузни модни марки, како и во колекциите на омилените „хај стрит“ брендови.

Точкастите материјали пак, како изборот за оваа романтична кошула, остануваат во тренд и во претстојната сезона на постудени денови.

Пејачката го заокружи изгледот со црни сандали и чантичка која привлекува внимание.

x

Check Also

Mango Committed 2021, колекција дизајнирана за пролет/лето со еко-материјали

Моделката Фелис Ноурдхоф позира за колекцијата на Манго за сезоната пролет/лето 2021. ...