Сезона на мантили: H&M има супер модели по цена од 30 до 50 евра

Пролетната сезона е пред нас, а пријатните температури лесно ќе не убедат да го надополниме гардероберот со најнеопходното модно, пролетно парче – мантилот.
Модната марка H&M веќе ја лансираше богатата колекција на мантили за различни вкусови. Од класични до трендовски модели, различни нијанси до прифатливи цени – сите адути за добар мантил се на страната на оваа популарна модна марка.
Овие вечни модни парчиња секако ќе ја направат секоја модна комбинација поелегантна, а вам ќе ви донесат доза на француски шик.
За оние кои ги следат трендовите – оваа сезона се носат подолги мантили во силни нијанси.
Во фотогалеријата, погледнете некои од мантилите достапни во продажба во H&M.

x

Check Also

Поглед на колекцијата на Pal zileri за сезоната есен/зима 2019

Модната марка Pal zileri ја лансираше рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019. Зад ...