SF PREMIUM | Нов бренд и најлуксузна продавница за долна облека

Кралицата доаѓа… најлусузната продавница за долна облека… SF PREMIUM... Квалитет над луксуз. Секогаш. Секаде.“



Вака голем дел од нашите познати личности од естрадата ја најавуваа најлуксузната продавница за долна облека во градот. Телевизиските и радио рекламите кои ги слушавме и гледавме овие денови, како и официјалните профили на брендот со најави за новата продавница дополнително ја вжештија атмосферата. Сите бевме во очекување која е продавницата, каде ќе биде најпознато место за долна облека во градот, кој стои зад брендот…

Македонската компанија Де-Та ДООЕЛ вчеравечер во центарот на главниот град, ја отвори новата продавница за долна облека и го промовираше својот најнов бренд SF PREMIUM. Де-Та ДООЕЛ, или за сите нас позната преку етаблираниот македонски бренд Sara Fashion, оваа година го прославува своето 20 годишно постоење на македонскиот и српскиот пазар со величенствено крунисување на своето работење. Долгогодишната посветеност на своите брендови SF и Red Star, како и ексклузивниот застапник на светскиот бренд Penti го крунисаа со презентирање на премиум брендот. Ја поставија круната на својата работа и за своите потрошувачи ја збогатува понудата со нов бренд и линија на производи. Квалитетна, лукзузна, софистицирана долна облека за жени и мажи. Пиедесталот го има кралицата, нејзиното височество SF PREMIUM, која всушност е најлускузното катче каде што секоја урбана девојка и жена ќе го пронајде совршеното модно парче долна облека за себе.

-Гордо ја најавуваме новата продавница и новиот бренд на долна облека SF PREMIUM. Овие 20 години работа, посветеност, истрајност ги вложивме во проширување на понудата и изборот кога е во прашање софистицирана и совршено дизајнирана долна облека. Нашата компанија крунисувајќи го своето работење, го крунисува и секој наш потрошувач овозможувајќи му уникатно искуство и избор на квалитет над луксуз. Како што пренесува и нашиот слоган, тоа го имаат секогаш и секаде.“ – изјави Дејан Спасовски, сопственик и генерален менаџер.

Зад внимателно дизајнираната долна облека со врвен квалитет и материјали, како и зад приказната заедно во тимот е фантастичната дизајнерка Ивана Кнез, долгодогишен соработник на компанијата Де-Та ДООЕЛ, која во оваа прказна се појавува и како бренд менаџер.

-Премиум е за секоја жена која се сака себе си и заслужува најдобро. Бидејќи секоја жена е Кралица нели – ни раскажа Ивана.



Како заштитно лице на кампањата и брендот се појавува прекрасната Марјана Станојковска која го најави новиот бренд со фотосесијата и видеата наменети за линијата костими за капење лето 2019. Како пријатели на настанот се винаријата Стоби и слатките задоволства од Chocolate boom.

Новата продавница SF PREMIUM во ГТЦ е пријатно освежување на македонската модна сцена со понудата на трендовски дизајнирана долна облека и костими за капење, по урнекот на светските луксузни модни марки. Почестени меѓу првите да влеземе во SF PREMIUM, „од прва“ бевме освоени од ентериерот на просторот, и секако, од широката понуда која на едно место, токму тука, ги селектира, систематизира и комбинира актуелните трендови за летната 2019 сезона.

И најпребирливите ќе ги задоволат своите естетски страсти и вкусови, одбирајќи меѓу „Wild“ костимите за капење со „анимал“ принт, егзотичните дезени со тропски принт, романтичните флорални модели, страствените црвени решенија украсени со карнер, и белите кралици на просторијата – во дводелна и едноделна варијанта.

За мажите, блазе ним, изборот е подефиниран и насочен кон ултрамодерните неонски нијанси на предимензионирани „боксерки“ за капење кои за ова лето, на плажа, гарантираат полн погодок.

Преслатките пижамчиња со принт од лимончиња, барем првиот чифт од нив, не ги оставивме да преноќат во продавницата SF PREMIUM, зашто средбата ни беше судбинска. Одамна сме ги сонувале. И тоа баш во комбинација со апостолки со истиот жолт мотив.

x

Check Also

Мрзлив викенд е да си шопингуваш од дома преку апликација на -15%

Недела е прекрасен ден да си бидете дома, да си уживате сами, ...