Се вљубивте ли во шаховитите ретро фустани на Луј Витон? Модните зависнички ширум светот веќе одамна ги имаат во својот гардеробер.
Модна шах-мат победа и вистински избор за сериозен деловен изглед или разигран Алисов фустан за дневна прошетка.
Доколку сметката на вашата картичка не е ни приближно висока колку цената на овој Витонов фустан, тогаш направете го вистинскиот потег и одберете некое убаво памучно платно со шаховски принт.
Бидете кралица во шаховсктата игра во која ќе го заведете својот крал, а останатите пиони нека копнеат по вашата доминантност и убавина.
М.Р.