Шампањ со гумени бонбони – шик идеја за божиќна забава

Гумени бонбони „засилени“ со алкохол, поточно со шампањ или пенливо вино, се вистински хит низ светот, а некои компании веќе и лансираа на пазарот гумени бонбони наменети само за ваква употреба. Сепак, во недостаток на таквите бонбони на нашиот пазар, гумени бонбони со шампањ може да направите и сами. Многу е едоставно, а оваа комбинација никого нема да остави рамнодушен.

sh1

Се што ви е потребно е пакетче гумени бонбони и пијалак по избор. Ставете ги бонбоните во мал сад и прелијте ги со пенливото вино или шампањ сосема да се натопат, па оставете ги така да отстојат преку ноќ, односно минимум 10 часа или додека не ја впијат целата течност.

Пред послужување изладете ги бонбоните во фрижидер и подготвени сте за забава!

sh3

sh4

x

Check Also

Саботно матине со Амок радио во МКЦ

Денес, со почеток од 12 часот ќе се одржи матине со Амок ...