Шанел е последниот луксузен бренд кој го исфрли крзното и егзотичната кожа

Годинава беше во знакот на откажувањето од употреба на крзно од страна на бројни луксузни, прочуени модни марки.

Дизајнерите како Дајан вон Фурстенберг и Жан Пол Готје (да спомнеме само неколку) се откажаа од употреба на крзно во колекциите, заменувајќи го со вештачко. Сега, и лускузниот бренд Шанел објави дека повеќе нема да употребува егзотична кожа, вклучувајќи ја крокодилската и змијската, како и дека нема да употребува никаков вид на крзно во своите колекции.

Креативниот директор на Шанел, Карл Лагерфелд изјави – „Постои проблем во снабдувањето и секако, тоа веќе не е бизнис на Шанел“.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...