Шанел, нова колекција на шминки за пролет/лето 2019

И оваа колекција на Шанел, наменета за сезоната пролет/лето 2019, е иснпирирана од убавините на Азија.

Новата колекција се вика Vision d’Asie: Lumiere et Contraste и експериментира со светлината и контрастите.

-Сакав да го претставам чувството на уживање во источна Азија, тамошната атмосфера ќе направи да вибрирате“, вели Луција Пика, креативен дизајнер на мејкап за Шанел.

Инспирирана од фотографиите кои ги направила во Сеул и Токио, Пика ги креирала новите производи на декоративна козметика. Фокусот е на суптилното контурирање и високиот сјај.

Колекцијата содржи нов бронзер – Duo Bronze et Lumiere во беж и златно-кафени тонови, Les 4 Ombres – палета сенки за очи, три Stylo Ombre et Contour – молив за креирање на „smokey eye“ изглед, две Ombre Premiere Gloss нијанси, и кармини Rouge Coco Flash во беж-розови, жива розова нијанса (Rouge Coco Gloss) и потемно розови тонови.

Колекцијата содржи и лакови за нокти Le Vernis во виолетови и пастелни нијанси.

Производите ќе бидат достапни во продажба од 3-ти мај.

x

Check Also

Истражување: Пиењето млеко предизвикува акни на лицето

Го сакаме или не го сакаме, млекото е избор на секој од ...