Шанен Доерти: „Ракот се врати, и тој е во четврта фаза“

Омилената Бренда Волш од тв-серијата „Беверли Хилс 90210“ објави на ТВ дека тешката борба против ракот на дојка сè уште не завршила.

Оние што се родени во 90-те може само лудо да ја сакаат убавата Шанен Доерти, глумица во американската ТВ серија „Беверли Хилс 90210“ која воодушеви цела генерација. Во неа, младите жени се идентификуваа, помеѓу љубовните проблеми и училишните лекции. И како да ја заборавиме магијата која ја правеа сестрите Халивел во „Вештерки“, ТВ серија во која Шанен Доерти ја глумеше постарата сестра, најмудрата сестра.

View this post on Instagram

Tuesday……

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

Болеста на Шанен Доерти

Болната објава дојде во 2015 година. Рак на дојка. Шанен започнува долга битка против болеста, а истовремено успева за неа да сведочи на социјалните мрежи или ток-шоуа. Шанен станува симбол, станува носител на стандард во борбата против ракот на дојка преку превенција, преку релациите со различни здруженија. На крајот на хемотерапијата се чинеше дека болеста е победена, Шанен секогаш зборуваше со голема надеж: „Сега мора да почекам, да го почекам тестот. Чекам да видиме дали сум „чиста“ или не. Чекам за поворно тестирање. Чекам. Мислам дека кога некој ќе заболи од карцином, секогаш чека, на одреден начин. Чекам со вас.“

Во 2017 година, преку социјалните медиуми, таа објави дека болеста е во ремисија. Но, пред неколку дена ја објави шокантаната вест во интервјуто за „Добро утро Америка“. Рече дека „ракот се вратил, и дека тој е во четврта фаза“.

– Има денови кога се прашувам зошто ми се случи тоа, тогаш си одговарам: „Зошто не јас? Кој друг го заслужува тоа? “, рече.  Таа објасни и дека после новата дијагноза, првата грижа била како да им каже на најблиските. Шанен се обидела да ја задржи дијагнозата за себе, сè додека може, но подоцна одлучила сепак да си го отвори срцето. И тоа преку јавно интервју.

Минатата година, Шанен Доерти мораше да се соочи со смртта од мозочен удар на драгиот пријател и колега Лук Пери, Лук од „Беверли Хилс.“

-Бев болна и сè уште жива, додека тој, кој беше добро, умре ненадејно. Сето ова ме остави без зборови“.

За својот пак, трагичен момент на соочување со болеста, продолжува – Бев во состојба на шок и најмалку што можев да сторам беше да одам на снимање. Беше тешко, но знаев дека кога протече веста за мојот карцином, јавноста можеше да ме погледне и да каже: Луѓето со рак од четврта фаза исто така можат да работат 16 часа на ден.

x

Check Also

Меган и Хари ја „сменија“ Канада за Лос Анџелес

Војвотката и војводата од Сасекс со синчето одлучиле да ја напуштат Канада ...