Shared Moments: Нова кампања на MANGO за есен/зима 2019

МАНГО ја претставува Shared Moments, новата кампања за сезоната есен/ зима 2019/20 година.

Кампањата е потпишана од британскиот фотограф Глен Луксфорд. Сместена е во прекрасно шкотско село, помеѓу маглата и небото, типично за овие предели во постудените денови, а во селцето позираат Ана Еверс (која е ново заштитно лице на Манго), Ребека Леиг Лонгендик, Каја Вилкинс, Матиас Лауридсен и Уго Саузај.

Темата на кампањата е да споделуваме посебни моменти кога сме заедно и секако, што повеќе да бидеме заедно.

Колекцијата, која зрачи со боемски дух, е направена од еколошки и рециклирани материјали. Палетата на бои е неутрална, доминираат есенските нијанси како кафената и темно-црвената, но тука е и карираниот принт. Здолништата се долги, палтата се предимензионирани и исто така долги, а џемперите се волнени и меки.

Од модните додатоци акцентот е на „каубој“ чизмите и на ремените и марамите инспирирани од стилот на 70.те години.

Во продолжение, погледнете дел од прекрасните модели од новата колекција на Манго.

x

Check Also

Новите Ray-Ban очила за сонце се „лудница“  

Новата колекција на очила за сонце насловена Ray-Ban Studios x Honey Dijon е ...