Шарлиз Терон драстично го смени изгледот: Фризура инспирирана од 60-те години

Глумицата Шарлиз Терон (44), која во последно време експериментира со различни бои и фризури на косата, ги воодушеви фановите со својот нов изглед.  Сега таа има костенлива коса, потсрижана во таканаречена „тенџере“ фризура („bowl cut“).

Фризуарата „bowl cut“ беше многу модерна на почетокот на 60-те години. Измислена е од познатиот бизнисмен и стилист за коса Видал Сасон во 1963 година и наскоро стана симбол на бунтовниот Лондон во кои доминираа модели како Твиги.

Инаку, „тенџере“ фризурата се најавува како хит за сезоната есен/зима 2019.

Ваквата фризура, иако е повторно многу модерна, не одговара на сите типови на коса. Можат да ја „носат“ кои имаат многу мазна, па дури и малку брановидна коса. Обликот на лицето е исто така многу важен: не е соодветна за оние кои имаат тркалезна форма на лицето, како и за оние со квадратна форма на лицето, а совршена е за лицата во облик на срце, какво што има Терон.

x

Check Also

Викторија сикрет ја претстави празничната кампања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ангелите на Викторија сикрет Барбара Палвин, Биргит Кос, Елса Хокс, Лорен Дуран, ...