Шарлиз Терон со нова боја на косата, инспирирајте се од нејзината промена

Јужноафриканската глумица Шарлиз Терон ја промени својата фризура и боја на косата за премиерата на новиот филм Заведи ме ако можеш.

Заслужен за новата фризура на глумицата е фризерот Адир Абергел кој ги постираше фотографиите на социјалните мрежи, објаснувајќи дека за инспирација му послужила моделот Линда Евангелиста од 1990 година. Според Адир, Линда секогаш била храбра при изборот на своите фризури исто како и Шарлиз која секогаш е расположена за промена на изгледот. На Инстаграм, фризерот напиша – „Сакам да работам со оваа прекрасна дама. Малку маска за коса, ниско опавче, вештачки шишки и подготвена е!“

Иако нам ни изгледа малку чудно, бидејќи сме навикнати да ја гледаме русокоса, мора да се признае дека промената е баш супер!

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...