Шарлиз Терон во „убиствена“ модна комбинација од Живанши

Во средата, на гостувањето во шоуто на Џими Кимел, 42-годишната глумица Шарлиз Терон пристигна облечена во бела модна комбинација и контрастни – феноменални црни чизми.

Живанши есен 2017

Белата плисирана сукња и кошула се од есенската колекција 2017 на Живанши. Комбинацијата е освежена со црн ремен со црвена внатрешност и пар кожени црни чизми во модерен „каубојски“ стил.

Ова не е првпат глумицата да носи модни парчиња од Живанши, таа редовно носи креации од оваа модна куќа особено на црвениот тепих, вклучувајќи го и Канскиот филмски фестивал.

Интервјуто на Шарлиз, меѓу другото, остана запаметено и по нејзината изјава дека „мајка и ја снабдува со марихуана“.

 

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...