Ин: Шарлот Олимпија сосе Холивуд чантичките!

Во последно време често пишуваме за нашата миленичка Шарлот Олимпија и мислиме да продолжиме така се додека оваа необична креаторка нуди колекции кои голицкаат.

Од денес, 24 септември, можат да се најдат во продажба (за жал, не и кај нас, но секако можат да се нарачаат преку Интернет-продавницата на Шарлот Олимпија), нови чантички наречени Холивуд кои ете, освен што се – ама баш холивудски- имаат место да го соберат и мобилниот телефон, и паричникот,  а можеби дури и Ајподот.

Инспирирани се од минатото, направени од комбинации на француска и алигаторска кожа, а шмекот на Холивуд го носат со своите имиња. Поточно, секоја чанта е именувана според една голема холивудска ѕвезда – Богарт, Гејбл, Брандо и Астер.

За промоција на чантичките е направено супер-забавно видео, во духот на супер-забавната креаторка.

Холивуд чантичките на Шарлот Олимпија се достапни од денес, а од 1-ви октомври и на Интернет-продавницaтa Шарлот Олимпија – на оваа страничка. 

Патем, ние сме за Кларк Гејбл, засекогаш!

x

Check Also

& Other Stories ја претстави колекцијата за меѓу сезоните

Преземете го стилот инспириран од Лос Анџелес со дизајни од креаторите на ...