73 годишната пејачка е главна протагонистка на кампањата за пролет/лето 2020 на популарната модна марка DSquared2. Одличен начин да се прослави 25-годишнината на модната марка.
Често се зборува дека убавината не бледee со возраста. Шер, која ќе наполни 74 години на 20 мај, е јасен доказ за оваа претпоставка: поп-ѕвезда се појавува во новата кампања за пролет/лето 2020 на DSquared2, создадена за да ги прослави првите 25 години на марката. И, таа е исто така чудесна како и секогаш!
За да ја објави соработката со италијанскиот бренд, самата Шер на својот Инстаграм профил ја сподели првата црно-бела фотографија од фотосесијата. Инаку Шер има 1,4 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.
На фотографијата, пејачката и глумица носи едно од новите модни парчиња на марката, кое е дел од колекцијата дизајнирана за потоплите денови. На секси дуксерот кој ја разголува едната раменица, пишува – Икона.