Шерон Стоун ги отвори вратите на својот луксузен дом

За априлското издание на списанието „Architectural Digest“, познатата глумица Шерон Стоун ги отвори вратите од својот луксузен дом во Лос Анџелес кадешто живее заедно со своите три деца.

60-годишната актерка живее во дом кој наликува на француски замок. Дневна соба  е пространа, светла и бела, во центарот е поставен камин, но тука се и кожениот црн мебел, пијаното и големиот блескав лустер. Колекцијата на уметнички слики е импресивна, подот пак, е од луксузно дрво, а прозорците се – гигантнски.

Од дневната соба се излегува во дворот, прилично голем за да стане дом на многу дрвја и лозје кои грантираат пријатна сенка.

Според  Architectural Digest, Стоун го купил домот пред 25 години, по улогата во филмот „Основен инстинкт“ во 1992, филм во кој глуми заедно со Мајкл Даглас. Домот доживеал една реконструкција и реуредување по вкусот на глумицата.

Всушност, во мигот кога го купила домот тој бил под реконструкција, па било лесно да се вклучат сите нејзини желби околу создавање на, како што вели глумицата, „својот дом од соништата“. Биле користени фрацуски и швајцарски материјали, а целта на реставрацијата била да се сочува внатрешната топлина и надворешниот изглед на замок.

 

x

Check Also

Какви костими за капење носат супермоделите ова лето

Летото е во полн ек за светските супермодели кои се одмораат на ...