Шерон Стоун ги советува фановите како да останат безбедни во своите домови (ВИДЕО)

Од актерка до советник за лична безбедност – Шерон Стоун (62) на својот Инстаграм профил објави прилично интересно видео во кое – во пресрет на бранот протести во САД – таа дава совети како да се изгради, во рамките на својот дом, безбедносен бункер.

Американската ѕвезда, која во видеото носи жолт турбан и очила за сонце, им се обраќа на „оние кои не се чувствуваат безбедно во својот дом“, објаснувајќи им детално како да „изградат безбедна просторија“ во сопствен дом.

Како прво, според дивата, мора да се појде од изборот на просторија во која ќе се скриеме: „Веројатно ќе треба да ја изберете бањата, бидејќи тоа е просторијата во која обично има помалку прозорци и можете да останете скриени“ објасни актерката во видеото.

И додаде – „Во овој случај, не заборавајте да си земете ќебиња и перници за да ги ставите во кадата, во случај да треба да преспиете таму“.

Целото видео погледнете го – ТУКА. 

 

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...