Шерон Стоун ја нападна Мерил Стрип: бизнисот е изграден на начин на кој сите треба да и завидуваме и да ѝ се восхитуваме на Мерил

Главната ѕвезда на култните филмови „Основен Инстинкт“ и „Казино“, во текот на едно интервју индиректно ја нападна колепката Мерил Стрип, сметајќи дека е преценета од холивудскиот свет. Потоа, таа ја поправи критиката на Твитер. Но полемиката веќе беше активирана…

Зборови предизвикани од омраза, љубомора или сепак, од вистина што никој нема храброст да ја каже? Тешко е да се утврди дали зад изјаснувањата на 63-годишната Шерон Стоун за Мерил Стрип стои завист која тлеела со години наназад, или, едноставно, станува збор за мирна с(о)вест. Факт е дека актерката ја „нападна“ индиректно, но со тешки зборови Мерил Стрип (72) за време на интервју за списанието „Зумер“.

Зборувајќи за нејзината автобиографија „The Beauty of Living Twice“ и осврнувајќи се на холивидскиот живот, новинарот „се осмели“ да ја изговори фразата „и кога конечно требаше да работиш со Мерил Стрип…“. Стоун веднаш го прекина, нагласувајќи колку „бизнисот е изграден на начин на кој сите треба да и завидуваме и да ѝ се восхитуваме на Мерил (Стрип, н.з.). И додде „само Мерил може да биде„ добрата “. И сите треба да се натпреваруваат со Мерил. Мислам дека Мерил е извонредно прекрасна жена и актерка. Но, според мене, искрено, има и други подеднакво талентирани актерки како Мерил Стрип“.

Потоа, Шерон Стоун продолжи да зборува за своето лично искуство, секогаш ставајќи ја под знак прашалник нејзината колешка: „Јас бев подобра „лоша“од Мерил. И сигурна сум дека и таа би го потврдила тоа. Мерил Стрип не би била добра во „Основен инстинкт“ или во „Казино“, јас бев подобра. Го знам тоа и ти го знаеш тоа исто така “, му се обрати на новинарот.

И конечно, рече: „Целокупната иконографија на Мерил Стрип е дел од она што Холивуд им го прави на жените“.

Иако, Стоун ги рече овие зборови пред еден месец, тие беа веднаш пренесени во медиумите и се уште се актуелни. Кога стана свесна за глобалните медиумски одекнувања на нејзините зборови, Стоун почувствува дека мора да истакне на Твитер дека не е лута на нејзината колешка, туку само сака поголема правда и посветеност кон другите талентирани актерки.

„Само за да бидам јасна“, напиша таа, „Мерил е една од најголемите актерки на сите времиња. Туку, јас едноставно не би сакала да ги исклучиме другите актерки“. А Мерил? Како дама остана надвор од полемиките и ништо, буквално, ништо, не искоментира, барем до сега.

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...