Шерон Стоун – подготвена за трет брак

Глумицата Шерон Стоун го прослави својот 60-ти роденден, а на подарок наводно добила веренички прстен со дијаманти. Ае зборува дека славната глумица тајно се верила со својто 20-години помлад придрушник.

Ѕвездата на „Основен инстинкт“ славенечкиот викенд го минала на плажите на Мајами, во Флорида, со нејзиниот партнер, италијанскиот бизнисмен Анџело Бофа, а во американските и италијанските медиуми се зборува дека тој е наводниот нејзин иден сопруг.

прстенот со дијаманти на левата рака

Стоун го покажа своето привлечно тело дури и на оваа возраст, носејќи шарен бикини – костум, во комбинација со рамни сандали на нозете и панталони со риги.

Ако бракот со Бота се оствари, тоа ќе биде трет брак за глумицата. Првиот сопруг на Шерон Стоун беше телевизискиот продуцент Мајкл Гринбург во 1984 година, со кого се разведе три години подоцна. Вториот брак пак, беше со Фил Бронстејн, главниот уредник на дневниот весник „Сан Франциско Хроникал“ (1998), кој иако беше официјализиран на Денот на вљубените, имаше краток век – парот се разведе по само пет години поради „неподносливи разлики“.

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...