Шик медитеранско пролетно мени: Крем супа од школки

Одлична замена за ручек или вечера, крем супата од школки не содржи многу калории и е одличен сојузник на секое диетално и здраво мени. За вкусот да не дискутираме, мора да се доживее!

supa 123

Школки? Секогаш сме – за. Особено во потоплите денови. Но овој специјалитет е многу повеќе од добро сервирана (и подготвена) порција школки. Се поготвува лесно и не бара посебна готварска умешност.

Од намирници потребни се – 2 компира, 2 главици кромид, 1 морков, 1 страк праз, 50 грама чадена сланина, ¾ л. супа од коцка, 1 конзерва школки (околу 250 грама), босилок, ¼ л млеко.

Подготовка

Излупете ги компирот, кромидот и морковот. Стракот праз преполовете го по должина и измијте го. Зеленчукот исечкајте го на коцки од ½ см. Чадената сланина исечкајте ја на ситни коцки и пропржете ја во тенџерето за супа. Додајте го зеленчукот и динстајте една минута. Налејте ја супата од коцка, додадете ги школките, солта и црниот пипер.

На тивок оган варете ја супата 20-тина минути. Потоа мешајќи додадете го млекото, оставете уште кратко време да проврие и зачинете. Наросете ја супата со сетно исечкан магдонос.

Сервирајте ја со две кришки потпечен леб.

Одлично се „бакнува“ со чаша бело вино.

x

Check Also

Велигденски сладок куглоф

За велигденските празници ви го препорачуваме овој вкусен празничен куглоф. Од намирници ...