Пријатна за очите, лесна за комбинирање и секако, зелената нијанса е од оние кои внесуваат радост во тмурните зимски денови.
Па доколку и вие сте во потрага по модни парчиња во зелена боја – од силни тонови до темнозелена нијанса – еве неколку предлози како да се дотерате во зелено со Манго.
Предност им даваме на панталоните вообичаено најпрактични за студените денови, но и на хеланките кои ги комбинираме со зелен дебел џемпер или кардиган.
И на работното место може да блеснеме во зелена боја, благодарение на зелениот комплет од сако и панталони.
За комплетно модно уживање, на шопинг листата се и зеленото палто од Манго и зелената бундичка.
Модните парчиња се достапни во продажба и на официјалната шопинг страница на Фешн Груп – ТУКА.