Шик специјалитет во чест на победата на Германија: Колбаси со сирење

На оригинален германски начин.

kolbasi 999

Доколку вчера не го гледавте финалето на Светското фудбалско првенство со претходно осмислено мезе – колбаси и пиво, не е доцна денес да ја прославите победата на светскиот шампион онака како што во добар дел од геманските ресторани се прославуваше. Погодивте од прва, нели – германски колбаси со сирење. Ние уште синоќа ги пробавме, фaнтастични се! А еве го рецептот:

Потребни намирници – 6 колбаси (по можност бели, а можат да се најдат бели германски колбаси во поголемите супермаркети) 3 парчиња сирење, 6 тенки парчиња чадена сланина, 2 лажици сенф.

Подготовка:

Со остар нож засечете ги колбасите по должина, ако се дебели засечете ги во длабочина околу 1 сантиметар. Исечете го сирењето и ставете го во колбасите. Секој колбас завиткајте го во сланина и краевите прицврстете ги со чепкалки. Наредете ги на решетката за печење во рерната. Печете ги на 200 степени се додека сирењето не почне да се топи, а парчињата сланина не заруменат.

Сервирајте ги со сенф и печен компир.

Се дегустираат со кригла пиво.

 

 

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (26.јули – 2.август): Стрелци, издржете! Невидена страст за Лавовите

Оваа недела планетата Венера во знакот на Близнаци ќе продолжи да носи ...