Шик викенд здрав ручек: Ние сме „за“ пилешко на кинески начин!

Пилешкото месо е најнискокалорично во споредба со другите, а пикантната кинеска кујна се повеќе станува тренд во светот. Ако ви е преку глава од обично пилешко месо, варено, динстано, печено, пржено… еве еден фантастичен предлог за шик викенд ручек.

pilesko 2

Една порција од овој специјалитет содржи помалку од 300 килокалории. Порцијата содржи здрави намирници, а тука е и ѓумбирот. Во некои од луксузните ресторани (во поголемите метрополи низ светот), ќе го најдете на страницата во менито резервирана за специјалитети. И „солено“ ќе го платите.

А всушност станува збор за еден сладок оброк. Што помалку сол ставите во него, тоа подобро. Дозата на ѓумбирот пак, слободно засилете ја.

Може да го послужите и со лути пиперчиња кои подеднакво се погодни за забрзување на метаболизмот. Или, едноставно, додадете чили.

Но се оставаме на вашата фантазија.

За основниот рецепт Пилешко на кинески начин, потребни ви се – 4 парчиња пилешки стек, 1 врзоп млад кромид, 3 моркови, 1 црвена и една жолта пиперка, 4 лажици соја сос, 2 лажици шери измешан со 2 лажици пченкарно брашно, 125 милилитри вода, 1 лажица ѓумбир, масло за јадење.

Подготовка – Загрејте една лажица масло во поголема тава, па додадете го младиот кромид исечкан на коси, тенки кругови. Зачинете со ѓумбирот и пржете непрекинато мешајќи една минута. Во тавата додадете уште две лажици масло, па додадете ги морковите и пиперките исечкани на тенки, долгонавести парчиња.

Непрекинато мешајќи пржете на силен оган уште 2 до 3 минути. Додадете ги соја сосот, смесата од шери со пченкарното брашно, како и пилешкото исечкано на тенки, долгнавести парчиња. Непрекинато мешајќи пржете уште 3-4 минути, а на крајот додадете ја водата и загревајте непрекинато мешајќи. Откако течноста ќе се згусне, тргнете ја тавата од оган.

Се послужува веднаш.

Гарнир? Се разбира, варен ориз, а може и брокула.

За пијалак имате безброј можности за избор – од пиво до црвено вино, а може и сок од лимон.

И да не заборавиме. Не морате да јадете со стапчиња! Малите вилувчиња вршат добра работа како и чиниите (доколку ги имате) од бамбус.

М.М

x

Check Also

LIVSANE… За живот полн енергија

LIVSANE ги инспирира посетителите на Водно кон повеќе здравје Здравјето е едно од ...