Шминка соодветна за топлите денови

Како да се избегне размачканата и растопена шминка и покрај летните горештини.

На плажа

Шминката на плажа мора да биде минималистичка. Употребете ја само онаа шминка без која навистина не можете, шминка која не пропушта вода односно водоотпорна.

Лице

На лицето не нанесувајте пудра, сончевата топлина ќе ја растопи пудрата и вашето лице ќе изгледа масно. Наместо тоа на деловите каде што е потребно ставете постојан коректор, на пример на подочниците. Одличен избор се и производите за самопотемнување со заштитен фактор – ќе го изедначи тенот на вашата кожа, нежно ќе ја обои, а воедно ќе ја заштити и од сонцето.

Образи

Јаболчниците нагласете ги со водоотпорно проѕирно руменило. Уште подобро ако руменилото го замените со руменило наречено бронзинг. Наместо производи во прав одлучете се за крем или гел кои поедноставно се нанесуваат и не оставаат дамки. За убав исончан изглед со нив намачкајте го носот, средината на јаболкчниците и челото.

Очи

Ако имате очила за сонце шминка на очите воопшто не ви е потребна. Во спротивно, очите можете нежно да ги истакнете така што на капаците ќе нанесете проѕирна сенка. Очите немојте никако да ги обрабувате, но можете да ставите маскара.

Во град

Во град, а особено ако поголем дел од времето го минувате во климатизирани простории не е тешко да се сочува совршениот мејкап. Пред се бидете практични, изберете едноставен и свеж начин на шминкање.

Кожа

Обврзно употребувајте хидратантен дневен крем со заштитен фактор 15. Избегнувајте пудра, употребувајте ја само тогаш кога навистина ви е потребна. Неправилностите на лицето прекријте ги со коректор кој на кожата ќе го нанесете со четкичка. Притоа внимавајте бојата на кожата да се сложува со бојата на вашиот тен. По коректорот на кожата со голема кружна четкичка нанесете пудра во прав.

x

Check Also

Револуционерна промена на косата со боите од Wella

Wella Professionals Македонија, на 7ми Мај во хотел Queen Т.Ц. Зебра, од ...