Шокантна исповед на ќерката на Мајкл Џексон: „Се обидов да се самоубијам неколку пати“

Ќерката на кралот на попот, Мајкл Џексон, на Фејсбук раскажа за нејзиниот нагон кон самоповредување и за обидите за самоубиство.

„Неколку пати се обидов да се самоубијам “, шокантно откри Париз Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, ѕвезда која почина во 2009 година. Таа зборувала за црниот период од нејзиниот живот,  а тоа било по смртта на нејзиниот татко.

Инаку, по возраст Париз е средна ќерка на Мајкл Џексон кој има три деца.

Заедно со своите браќа, по смртта на татко ѝ, Париз отишла да живее во домот на нејзината баба Кетрин, на која и биле доверени трите деца на старателство, а подоцна Париз се преселила во свој дом во Калифорнија вреден 10 милиони долари.

„Премногу се здебелив, станав зависна од храна“, објаснила Париз, „Откако почнаа да ме викаат дебела, се убедив дека не можам повеќе да продолжам со животот. И така почнав со самоповредување “.

Во тој период Париз  почнала со жилет да се сече по телото и да си предизвикува изгореници, како што вели, без притоа да размислува. Таа самоповредувањето го објаснила со ослободување на допамин, односно со чувство на задоволство после длабоките повреди и дека на тој начин емотивната болка ја прикривала со физичка болка.

Меѓу другото, актерката ( Париз глумеше во неколку детски фантастични филмови и во ТВ серии) и манекенка (таа има договор со модната агенција IMG Models) исто така раскажала дека отишла дури и подалеку од самоповредување, обидувајќи се да се самоубие повеќе пати.

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...