Сандра Нието Гонзалез: Шоко нуди посебен, многу ексклузивен сервис! (ФОТО)

Шоко (Shôko), еден од најелитните ресторани во Европа веќе 8 години е на врвот на најмодерните ресторани, диктирајќи го темпото и поставувајќи нови, врвни критериуми во областа на гастрономијата, модата, но и ноќниот живот. Филозофијата на Азија се отсликува насекаде, дури и во декорот, а храната која тука се служи е фузија од различни поднебја, со акцент на специјалитетите од Азија и Медитеранот.

shoko9

Ресторанот е сместен на самиот брег, на самата плажа, со поглед на морето. А кога ноќта паѓа, во доцните часови овој ресторан се претвора во клуб што нуди најдобра забава. За атмосферата, традиционално се грижат познати меѓународни диџеи, а музиката е онаа која истиот ден се „врти“ и во најдобрите клубови во Њујорк, Берлин и Лондон. Оттука и не е чудно што Шоко е магнет за интернационалните ѕвезди и компании кои токму тука ја закажуваат својата вечера, ручек или приватна забава. Некои од нив се МТВ Саунд Систем, Моет, Примиус Лауреус, Формула 1, Пинк ис Пинк, Тропикана и многу други.

shoko 1

Разговарот го водиме со менаџерката на Шоко, Сандра Нието Гонзалез.

Што е тоа што го прави овој ресторан посебен, единствен во Барселона?

Пред се, привлечна е локацијата, се наоѓаме на самата плажа, а Барселона е карактеристична по доброто време и благата клима во текот на целата година. Друга посебност е што ресторанот по полноќ се трансформира во клуб, а забави има секој ден во текот на целата година.

shoko10Кој е концептот на Шоко?

Ресторанот е дизајниран во јапонски стил. Главна цел беше да се направи спој на медитерананското и ориенталното, а идејата беше Шоко да биде искреиран според фенг-шуи концептот.

shoko7Кога за првпат се отвори Шоко?

Пред десет години, на втори април.

shoko8Познато е дека тешко се доаѓа до маса тука, особено за вечера.

Најчесто, да, тешко. Во текот на неделата сепак и може да се дојде до маса, но за време на викендите е невозможно без да се направи претходна резервација.

shoko6 Кои се ваши гости?

Тоа се главно интернационални гости, особено во текот на летниот период. Главно, станува збор за луѓе од високо-средната и високата класа.

shoko2

Со кој специјалитет се гордеете?

Со различните видови на суши. По тоа сме славни. Со сервирањето следува и презентација.

shoko4 Нудите и масажа на вашите гости додека тие вечераат. На сите гости?

Да, нудиме. Сакаме нашите гости тука да се чувствуваат релаксирано, па затоа нашите гости можат да добијат и масажа додека ручаат или вечераат, но масажата е сепак екстра-сервис, значи не е бесплатна, и ја нудиме само на оние кои ја сакаат.

Со што го заслужува клубот Шоко епитетот на ВИП клуб?

Имаме четири посебни делови во клубот и тоа се ВИП делови, зашто целосно се закупуваат. Во тие делови се добива посебен, навистина многу посебен и ексклузивен сервис.

Кои од светските ѕвезди дошле во Шоко?

Ги има премногу, листата е навистина предолга. Од најславни музичари, глумци, бизнисмени…На пример, познатите фудбалери ни се чести гости, како и познатите шпански глумци,  потоа Роберт Де Ниро, Пике, Шакира, Фернандо Алонсо, Ролинг Стоунс исто така се тука. Лауреус забавите, спортските оскари, спектакуларно се организираат во Шоко.

Shoko1 Гледам и специфични кревети, значи дека може да се вечера и во лежечка положба?

Да, тоа е една посебна зона, ние ја викаме „чил-аут“. Таа е најпопуларна во текот на денот, се пијат коктели најчесто во комбинација со суши специјалитетите. Навечер пак, најпопуларна е ВИП зоната која е резервирана за оние кои сакаат да вечераат на самата плажа, покрај самото море.

shoko5 Мислите ли дека имате конкуренција во Барселона?

Постојат многу клубови кои имаат слични концепти, но нашата различност е што ние имаме различни дневни и вечерни концепти. Друго, и не помалку важно, ние навистина имаме богато и посебно мени, а имаме и одличен простор за организирање на различни забави, па и приватни, како и забави со вечера за познатите светски компании. Трето, ние навистина имаме сосема поинаков тип на гости.

Ј.Кантарџиева

 

x

Check Also

Новогодишна колеција на H&M

Моделките Хана Фергусон и Андреа Џакону, шефот Маркус Самуелсон и неговата сопруга ...