Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност откако се прикажува на телевизија.

Годинава ревијата ја следеле 3 милиони луѓе за разлика од ланската година, кога ја следеле 5 милиони луѓе. Но, да се потсетиме дека оваа ревија имаше контраверзии дури и повеќе од онаа која се случуваше во Шангај минатата година. Годинава, ПР тимот се покажал катастрофално. А, за тоа најмногу бил заслужен шефот Едвард Разак кој за британскиот Вог дал неколку арогантни изјави кои се однесувале на трансродните лица и „плус сајз“ моделите. По медиумските реакции, отказ дала директорката Јан Сингер. Разек пак, се обидел јавно да се извини преку краток пост на Инстаграм, но бидејќи на постот му недостигале емоции, дополнително направил штета, а коментарите на фановите биле бесни.

Друга причина, не помалку важна, за неуспешноста на гледаноста на шоуто е и во терминот на прикажување. Имено, денес кога информациите пристигнуваат москавично брзо, смешно е настанот да се емитува дури месец дена по неговото одржување, зашто повеќе не е „жежок“.

x

Check Also

Изглед на денот: Кејт Мидлтон во црвена божиќна карирана сукња

Кејт Мидлтон ги воодушеви своите фанови со веселиот моден избор. На еден ...