Шпагети пита – неверојатно добар вкус!

Шпагети-питата е лесна за подготовка и ефектна на поглед, а ќе ги освои сите љубители на тестенини.

Намирници – 3 јајца, 2 филџана сос од домати, 1 кромид, 70 грама рикота сирење (или урда), 50 грама пармезан, 400 грама мелено месо, 2 лажици магдонос, 500 грама шпагети и 100 грама рендан кашкавал.

Подготовка

Изматете ги јајцата и убаво помешајте ги со доматниот сос. Исечкајте го ситно кромидот и пропржете го на масло, па додадете го на јајцата и доматниот сос. Сега додадете ја и рикотата (урдата) и изренданиот пармезан.

На малку маслиново масло пропржете го меленото месо. Кога ќе биде готово додадете го и него на смесата од јајца, доматен сос, кромид, урда и пармезан. Двете лажици сечкан магдонос и сварените шпагети истотака додадете ги на смесата па убаво измешајте за сите состојки да се соединат.

Калапот за печење намастете го и во него ставете ја смесата. На крајот наросете од изренданиот кашкавал. Печете на 180 степени околу 20-на минути.

x

Check Also

Пилешко со јогурт и есенски зеленчук, неповторлив вкус!

Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт. Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата ...