Шпанската кралица Летиција (повторно) во сако од Зара

Шпанската кралица Летиција е позната по тоа што знае да облече модни парчиња од популарните шпански хај-стрит модни марки, кои можат да се купат во продажба по пристојна цена. И овојпат, при посета на театарот во Мадрид носеше црно сако од Зара.

Изборот на 45-годишната кралица од Шпанија беше црно сако од Зара во војнички стил, украсено со вез и копчиња во златна боја. Под сакото, таа носеше бела кошула.

Интересно е што истото ова сако, кралицата Летиција го носеше и во февруари 2017 година. Со тоа, таа уште еднаш ја потврди титулата на „кралица на рециклираните материјали“.

Во пролетната колекција на Зара, во продажба е слично црно сако.

 

x

Check Also

ЕXPO 30, вечерва и утревечер во музејот на современа уметност

ЕXPO 30 е настан по повод 30 години независност кој  ги спојува ...