Шпанската кралица Летиција во син комбинезон од ZARA

Шпанската кралија Летиција уште еднаш покажа дека има многу стил и кога носи модни парчиња од „хај стрит“ модни марки.

Убавата Летициа (46) гостуваше на дебата на една шпанска банкарска групација и за овој настан таа одбра син комбинезон од колекцијата пролет/лето 2019 на Зара.

Плисираниот комбинезон во прекрасна сина нијанса, со темно-син ремен, на прв поглед изгледа на фустан со миди должина. Изгледот е заокружен со сини салонки на висока потпетица. Од модните додатоци пак, кралицата носеше само чанта во слична нијанса како ременот.

x

Check Also

По 4-ти пат мајка: Ким Кардашијан го покажа бебенцето

„Реалити“ ѕвездата Ким Кардашијан пред еден месец по четврти пат стана мајка, ...