Шпанската политичарка Бегоња Вилачис е двојничка на Меган Маркл

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, има двојничка.

Бегоња Вилачис

Кога шпанската адвокатка и политичарка Бегоња Вилачис неодамна се појави во јавноста со своето новородено бебенце, фановите на Меган Маркл веднаш ги направија споредбите. 41-годишната Бегоња навистина неверојатно личи на Меган Маркл.

Вилачис

И исто како Маркл, Бегоња ја стилизира кафената коса, а и стилот на облекување им е речиси идентичен.

Бегоња Вилачис е успешна во политичкиот свет, има завидна адвокатска кариера, и кандидат е за градоначалник на Мадрид.

Сличностите со Маркл не завршуваат тука. Вилачис се венчала со својот партнер на истиот ден кога се венчале Меган и Хари, на 19ти мај минатата година.

Политичарката останала бремена во ист период како и Меган, а нејзината ќеркичка Инес се родила на 17ти мај, само 11 дена после раѓањето на кралското бебе.

Не е првпат мајката на три деца, Бегоња Вилачис, да се појави во јавноста во идентичен или сличен стајлинг како оној на Маркл, а ваквиот стил и помага да ги освои симпатиите на мадридската јавност за да успее да стане градоначалник.

На својот Интаграм профил, таа придобива симпатии и правејќи шеги на оваа сметка. Неодамна напиша – Меѓу Бекингамската палата и Сити Хол, жал ми е но јас ќе останам во Мадрид“. Во друга пригода пак, напиша на Твитер – „Луѓето секогаш ме сопираат на улица и ме прашуваат дали сум Меган. Некогаш е многу забавно“.

 

x

Check Also

Џулија Робертс во стилот на убава жена, речиси 30 години после филмот

Речиси 30 години од премиерата на филмот „Убава жена“, Џулија Робертс продолжува ...