А што би правеле да не ви дојде поканетиот гостин на приемот?

Или на ревија, роденден, журка…Е тоа е главната вест на денот – Армани и е „скар“ на Ана Винтур, главната уредничка на американскиот Вог, зашто не му дошла на ревијата. И оттука почнуваат препукувањата.

ana 2Додуша и Кавали  се испокара со сите кои не му дошле на забавата, а последниот „бокс-меч“ го имаше со колегата Мајкл Корс. Ама па, од толку префинетиот Армани вакви (нервозни) чудесии ич не очекувавме.

„Денес, едно име не ме испочитува, веројатно зашто сум јас мало име“, им соопшти цинично Армани на новинарите по ревијата на која ја претстави колекцијата за есен/зима 2014/2015.

Иако не кажа за кого станува збор, веќе беше јасна болката во срцето, а писмо пристигна и од редакцијата на Вог во кое се вели „Ана има огромна почит кон Џорџо Армани и за се што тој направил за италијанската и светската мода, но постојат ревии на кои Ана не може да биде присутна“.

Ама па и 79 годишниот фраер не остана „покус“ со одговор и следуваше „Оној кој треба да биде присутен на мојата ревија не смее да испрати свои вработени: тоа е како да одите на стоматолог за забите да ви ги поправа помошникот “.

Па пак, од Вог – „жал ни е, но нејзиниот нотес беше навистина пребукиран…“

Па потоа претпоставувате веќе, секретарката на Џорџо, па секретарката на Ана, па портпаролите, па новинарите, посредниците, воајерите, алапачите и се што доаѓа во пакет со „држ-не дај“ за едниот или другиот.

Цццц… Вакви нешта мислевме дека имало само меѓу нашиве политички елити кога не си доаѓаат по свадби, младенци, мекици…

Ј.К

x

Check Also

Како ја замислувате модата на доцниот 21 век?

Изгледа дека прогресот во модниот свет е побрз од нашите очекувања. Побрз ...